Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.