Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со локални врнежи од дожд претпладне, претежно во јужните делови, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер, со температури под просекот за овој период од годината.