Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни, од 20 до 40 литри на метар квадратен, со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец од над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според УХМР, утре врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање. В среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а в четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.