Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни, а наместа проследени со грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.
Слично време не очекува и во понеделник на 2 мај, кога минималната темература ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени, а максималната од 12 до 19 степени.
Од среда, како што најавуваат од УХМР, дневната температура ќе биде во пораст.