Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=7

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 33 степени.

Во Скопје слично време, со дожд и грмотевици и максимална дневна температура до 30 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на оваа работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.