Филмот е посветен на десетгодишнината од остварувањето на најголемиот македонски спортски репрезентативен успех – пласманот на кошаркарската репрезентација во полуфиналето на Европското првенство во Литванија.

На прес-конференцијата, што ќе се одржи во Прес-центарот на ОКСМ во С.Ц. „Јане Сандански“ со почеток во 12 часот, ќе се обратат претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, тогашниот селектор на репрезентацијата Марин Докузовски и претставници на продукцијата „ТриСтар“.