Пронајдена почината жена во езерцето во Струмица

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица.

Веста ја потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица. Според пријавеното, на местото излегол јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на судска медицина.

Повеќе детали во текот на денот

Од полицијата повеќе детали за случајот најавуваат за подоцна.