Неколку стебла од растението канабис сатива биле пронајдени на патот меѓу струшките села Татеши и Мислодежда. Растенијата, високи околу еден метар, биле подигнати и предадени за натамошна постапка.

Од ОВР Струга информираат дека стеблата биле откриени на 7 септември 2026 година, при контроли извршени од полициски службеници од криминалистичката полиција.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.