Просечната плата во Белград во 2013 година била 430 евра, а денес е над 780 евра, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Според него, просечната плата во Србија до крајот на мандатот на следната влада ќе биде 1.000 евра.
Просечната пензија, додаде, ќе биде над 500 евра.
„Тоа е сосема реално и остварливо, доколку нема големи земјотреси на светско ниво. На добар економски пат сме, инфраструктурата ни се развива, сите треба да бидеме обединети во тоа, да работиме за нашата земја“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.