Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации -10.1 отсто, Други услужни дејности – 8.2 отсто и Рударство и вадење на камен – 7.5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен – 9.0 отсто, Уметност, забава и рекреација – 6.4 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита 4.1 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.