Следни според висината се старосните пензии чија просечна вредност во септември беше 17.141 денар, па инвалидските кои изнесуваат 14.303 денар, па семејните со 12.709, а најниски се земјоделските пензии кои во просек изнесуваат 8.269 денари. Просечната септемвриска пензија е 15.872 денари

Се намалува бројот на корисници на пензија. Од 326.295 на крајот на минатата година бројот на пензионери на крајот на септември годинава е сведен на 325.339.

Статистиката на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување покажува дека годинава има помалку пензионери по сите основи. Така, во најбројната група – корисници на пензија од работничко осигурување има 324.277 лица, што е за околу 850 помалку од лани. На крајот на септември имало само 79 земјоделски пензионери, за разлика на крајот на минатата година, кога ги имало 90, а намален е и бројот на корисници на воена пензија, од ланските 1.080 на 983.

Во септември Фондот регистрира нови 1.972 пензионери и 1.831 починат.

Највисоки и понатаму се воените пензии, кои во просек изнесуваат 23.059 денари. Следни според висината се старосните пензии чија просечна вредност во септември беше 17.141 денар, па инвалидските кои изнесуваат 14.303 денар, па семејните со 12.709, а најниски се земјоделските пензии кои во просек изнесуваат 8.269 денари. Просечната септемвриска пензија е 15.872 денари и е за едвај 400 денари повисока од таа што пензионерите ја примија на крајот на минатата година.

Највисоката пензија што ја исплатува Фондот на ПИОМ ја примаат 46 лица, од кои две ја добиле како семејна пензија. Таа изнесува 57.992 денари. Највисоките пензии се во распон од 40.548 до 57.992 денари и нив ги примаат вкупно 1.332 лица. Најниските пензии кои досегаат до 11.000 денари ги примаат нешто под 87 илјади пензионери, што ако се земе предвид вкупниот број, излегува дека секој четврти пензионер е со такви примања.

Според последните информации, финансиската состојба на Фондот се подобрува. Управниот одбор на крајот на минатиот месец констатира дека во периодот од јануари до крајот на септември годинава приходите биле поголеми од расходите за 304,96 милиони денари. Вкупните приходи изнесуваат 60.114,30 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се повисоки за 2.170,27 милиони денари, или за 3,75 проценти, додека пак расходите изнесуваат 59.809,35 милиони денари. Констатиран е и раст на изворните приходи кои се над планот за годинава, додека пак, расходите се реализирани како што е планирано.