Премиерот на својот фејсбук профил напиша:
– Уставот е темелот на владеење на правото, а владеењето на правото е најзначајниот елемент на секое општество. Токму Уставниот суд преку заштита на уставноста и законитоста е чуварот на овие вредности, местото каде што се носеле многу важни одлуки за иднината на земјата и се одлучувало за уставноста на многу важни закони
Заев додаде дека како дел од позитивните реформи во судството ќе биде опфатен и Уставниот суд, кој во наредниот период ќе биде дигитализиран, заедно со останатите судови и околу 200 судници во државата.
– Модернизацијата на овој суд е предвидена во втората фаза од дигитализацијата и таа ќе опфати интегриран информациски систем за потребите на Уставниот суд, истакна премиерот.