Словенија и Хрватска се единствените земји од регионот што се најдоа меѓу првите 20 на светската листа за животниот стандард за 2026 година. Словенија е на 19-то место со 182,40 поени, а Хрватска е веднаш зад неа, на 20-тото место со 181,70. Македонија е далеку под нив, на 62-рото место, додека Србија е 58-ма.

Листата „Стандард на живеење по земји 2026“, објавена од ВПР (World Population Review) и последен пат ажурирана на 18 септември, се темели на индексот за квалитет на живот на Нумбео (Numbeo). Во главната табела се користат податоци за 2025 година, а вкупно се опфатени 86 земји. Босна и Херцеговина не е наведена во табелата.

На врвот се наоѓа Луксембург со 218,20 поени, по што следуваат Холандија со 216,50 и Данска со 215,10. Идентичен резултат од 215,10 има и Оман. Потоа следуваат Швајцарија со 210,90, Финска со 208,30, Норвешка со 199,20, Исланд со 198, Австрија со 197,70 и Германија со 195,20 поени.

Меѓу првите 15 земји се и Австралија со 195,10 поени, Нов Зеланд со 194,70, Шведска со 192,20, САД со 192,10 и Естонија со 189,80 поени.

Според ВПР, земјите што имаат највисок животен стандард најчесто успеваат да ги комбинираат економскиот просперитет, стабилното управување, развиените јавни услуги и високото ниво на лична безбедност.

На спротивниот крај од листата е Нигерија, која со 15,60 поени се наоѓа на 86-тото место. Меѓу трите најслабо рангирани земји се и Венецуела со 73,70 и Бангладеш со 77 поени. Ниските резултати, според објаснувањето, најчесто се поврзуваат со ограничен пристап до здравствена заштита, економска нестабилност, еколошки проблеми, инфраструктурни недостатоци, како и слабости во безбедноста и јавните услуги.

Индексот на Нумбео што е користен за рангирањето опфаќа осум фактори: куповна моќ, безбедност, здравствена заштита, трошоци за живот, соодносот меѓу цените на недвижностите и приходите, времето поминато во сообраќај, загадувањето и климата.

ВПР притоа нагласува дека другите системи за рангирање може да дадат поинакви резултати, бидејќи користат различни методологии и изво