Мирен протест одржуваат денеска пензионери од Неготино, на градскиот плоштад, барајќи повисоки пензии и подобри услови за пензионерски живот.
-Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Бараме поголеми права и подостоинствен живот, рекоа пензионери на протестот.
Пензионери од Неготино, веќе извесен период протестираат во одредени денови, барајќи подостоинствен живот и подобар стандард за лицата од третото доба.
Во петокот, тие го блокираа на еден час влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, за, како што рекоа, да алармираат за нивните проблеми и да побараат нивно решавање.