Семејството бара оставки и системски промени по пресудата за трагичната несреќа на „Партизанска“

Попладнево пред Универзалната сала во Скопје се одржа протестот организиран од семејството на Фросина Кулакова, младата девојка која загина во тешка сообраќајна несреќа во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“. Настанот беше најавен веднаш по објавувањето на пресудата за случајот.

Таткото на жртвата: „Станува збор за правна игра со датуми и одлуки“

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, јавно изрази сомнеж за сериозни неправилности во постапката. Тој оцени дека се работи за „правен инженеринг“ и дека со враќањето на друг случај на возачот Васил Јованов пред Апелациониот суд — случај за наводно дилерство — се создава основа за намалување на казната во актуелниот предмет.

Васил Јованов осуден на 12 години затвор – таткото на Фросина вели „Судот е мафија“

„Очигледна е намерата да се создаде правна конфузија со игра на датуми и формалности. Одбраната сега ќе побара намалување на казната, бидејќи претходно му беше одредена отежнителна околност — неговата вмешаност во дилерство“, изјави Кулаков.

Осудениот Васил Јованов доби 12 години затвор – семејството незадоволно

Кривичниот суд во Скопје го осуди возачот Васил Јованов на 12 години затвор. Тој уште на првото рочиште призна вина и изрази каење. Сепак, за семејството оваа казна е далеку од правична и според нив, не ја одразува тежината на трагедијата.

Протестите се прошируваат – најавени барања за измени на закони

Протестот продолжи пред Кривичниот суд, каде семејството и поддржувачи најавија дека ќе ги формулираат своите барања за конкретни законски измени. Меѓу најгласните повици се оставки и итни реформи во, како што го нарекоа, „корумпираниот судско-казнен систем“.

„Нема да застанеме. Ова не е само за Фросина. Ова е борба за секое дете и секој граѓанин кој заслужува правда“, порача семејството.

Извор: Миа