Адмминистрацијата денеска на улица протестираа пред Собранието ,па маршираа до Владата. Пораките „Штитиме граѓански права, се повредуваат нашите права“, и „Додека нема повисока плата ќе стоиме пред врата“ ги носеа на транспаренти.
Револтирани од изјавата на випремиерот Битиќи дека вработените во судската администрација не ги завршиле навреме предметите, му порачаа- вие грижете се за вашето министерство. Пред собранието упатија и апел до пратениците во новиот буџет да има повеќе пари за администрацијата.
„Дали се уште треба да молчиме ние судските службеници што работиме се. Извршуваме тешки и обемни работни задачи кои не ни се определни во систематизацијата а за истите не сме наградени“, вели Јасмина Величковска претседателка на Независниот синдикат на судската администрација.
„Не личи вицепремиер на влада наместо да решава проблем на граѓани, да ги хушка и да си игра со емоциите на пензионерите, родителите и студентите дека вработените се виновни за тоа што се случува во државата. Доколку пратениците во собранието не почнат да си ја работат својата работа и не застанат на страната на работниците кога ќе го гласаат новиот буџет за 2024 година да знаат дека се ближат избори, а вработените памтат.Покрај сите притисоци од директори, раководители, заменици министри и министри и разноразно душебрижници, тука сме дојдовме а идниот пат ќе бидеме уште побројни“, вели Трпе Деаноски претседател на УПОЗ.
На предупредувачки протест револтот го изразија и вработените во судскиот совет. Побараа да се исплатат додатоците за плати кои им беа укинати во март годинава, во спротивно се заканија со генерален штрајк.
„Зошто се укинаа додатоците на плата, заради немање на доволно финансии во судскиот буџетски совет заради покачување на платите на судиите“, вели Благоја Ралповски од КСС.
Продолжуваат преговорите на работна група во Владата за решавање на овој проблем, тврди премиерот Ковачевски, додека синдикатите велат дека повеќе од шест месеци побарале да бидат вклучени, но досега ниту еднаш не биле повикани на средба.