Eколошки активисти и жители на повеќе населени места од југоисточна Македонија протестираа пред Управниот суд во Скопје барајќи судот да ги реши дилемите и да ја потврди забраната за изградба на рудникот Иловица, јавува ТВ Телма.

Инвеститорот од Канада досега исполнил само два од 9-те критериуми за да му се дозволи изградба на рудникот, но судовите не одлучуваат навреме и тоа може да предизвика судири меѓу населението, предупредија демонстрантите пред судот.