Во знак на протест и жал, железничарите во Грција планираат да штрајкуваат и денеска поради, како што велат, официјалното запоставување на железницата.
Таму синоќа избија протести поради железничката несреќа во која загинаа 43 лица. Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Хеленик Трејн во Атина, компанијата одговорна за одржување на грчките железници.
Протести се одржаа и во Солун и градот Лариса, во близина на местото каде што се случи катастрофата во вторникот вечерта. Владата вети дека независната истрага ќе донесе правда.
Во целата земја е прогласена тридневна жалост по несреќата, во која патнички автомобил директно се судри со товарен воз, при што се запалија предните вагони. Многу од 350-те патници беа студенти на 20-годишна возраст кои се враќаа во Солун по долгиот викенд славејќи го Грчкиот православен пост.
Членовите на синдикатот на железничарите сметаат дека безбедносните системи не функционираат како што треба.
„Железничката мрежа е проблематична, со истрошен, слабо платен персонал“, изјави за АФП Никос Савва, студент по медицина од Кипар.
Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека „трагичната човечка грешка“ е виновна за катастрофата. Шефот на станицата во Лариса е обвинет за убиство од небрежност.