Протестите на Туристичко-угостителската комора ќе продолжат пред Влада, а од двата сектора велат дека ќе протестираат се додека не бидат прифатени нивните барања. За досегашните собири пред Министерството за финансии велат дека се игнорирани. Доставиле барања, но не добиле никаков одговор.

Тврдат дека треба да бидат сериозно сватени затоа што имаат реални проблеми, поради кои овие дејности трпат сериозни загуби. Повеќе сектори се на работ на егзистенцијата и ако државата не им помогне, ќе ги затворат фирмите и ќе ги отпуштат работниците.

Досега Владата со неколку сетови на мерки помогна, но оттаму велаат дека нивните барања не биле разгледани во целост.