Протоколот по кој гласаа скафандер-пратениците не се однесува на позитивни на коронавирусот!

П

Пратениците кои гласаа во Собранието  со скафандери, таа можност ја имале врз основа на Протокол односно негово дополнение од 17 ноември 2020 година, а кој Комисијата за заразни болести и нејзиниот претседател Караџовски го доставиле до Собранието на барање на законодавниот дом, , пишува „Денешен.мк“.

Македонија 19.04.2021. 13:07

 

Погледнете го документот што го објави „Денешен.мк

Каде е проблемот со овој Протокол во врска со денешното гласање?

Како што можете да прочитате, тој Протокол се однесува на „пратеници кои се во домашна самоизолација“ и кои немаат симптоми на Ковид-19 (Врз основа на кој преглед е установено дека спорните пратеници немаат симптоми на Ковид-19, кога самите лекари велат дека некој се чувствува добро, а за неколку часа им умира? Направена е денеска крвна слика, измерени се тие т.н. димери, направена е анализа за размена на гасови во белите дробови, имаат КТ или барем рентген на белите дробови од денеска, направено е ехо на срце итн, итн).

Споени заедно, терминот „самоизолација“ и барањето да се нема „симптоматологија поврзана со Ковид 19“, очигледно упатува на тоа дека овој Протокол не дозволува и не се однесува на пратеници кои се позитивни на коронавирусот.

Имено, терминот „самоизолација“, се употребува во одредени акти кои се однесуваат, на пример, на оние кои се вратиле од странство (Уредба со законска сила од 22 мај 2020 донесена на 57 седница на Владата) и кои приложиле негативен тест не постар од 72 часа. Во спротивно, тие лица одеа во задолжителен карантин. Но, и таа Уредна зборува за „задолжителна домашна самоизолација“, а Протоколот зборува само за „самоизолација“, што отприлика се однесува на оние ситуации како таа кога Арбен Зибери од ДУИ не се чувствуваше добро, па гласаше од посебна просторија, но не беше тестиран и не беше утврдено дека е позитивен на САРС КОВ 2.

Доколку погледнете било кое Решение од ДЗСИ за лица кои имале контакт со позитивен, ќе видите дека тие лица „се ставаат во домашна изолација“, што повторно не е исто со „самоизолација“. Дека властите прават разлика меѓу двата термина, се гледа и од споменатата Уредба, каде стои дека дека ако лицето кое влегува на територија на Македонија, не приложи негативен тест не оди „домашна самоизолација“ туку „строга изолација (карантин)“ во траење од 14 дена.

Како што гледате и за властите и за самата Комисија за заразни болести, „самоизолација“ не е исто со „изолација“. Постои степенување. Во првиот случај, лицето оди во самоизолација иако има негативен тест, за да се види дали во меѓувреме евентуално не се заразил. Но, тој е негативен, не е позитивен. Во вториот случај, лицето оди во „строга изолација“.

Оние пак кои дома имале заразен се ставаат со решение на ДЗСИ „под здравствен надзор и во задолжителна изолација“. Со тек на време, како се ширеше заразата, терминот „самоизолација“ исчезна, а решенијата на ДЗСИ зборуваат само и исклучиво за „изолација“.

Оттука, јасна е разликата меѓу двата поима (без да навлегуваме во граматичкото толкување кое го става под знак прашалник терминот „самоизолација“ во сите овие случаи бидејќи упатува на нешто што човек сам го прави, а не по налог на државен орган). Посебно што оние кои добиваат позитивен тест, не одат во домашна самоизолација, туку им се одредува мерката „изолација“.

Тоа всушност значи дека посочениот Протокол ги решава ситуациите кои не се поврзани со позитивни на корона вирусот, туку најмногу на лица кои имале контакт со позитивен (иако и тоа е спорно, но еве да дадеме попуст), а кои немаат симптоми (повторо прашањето кој тоа го одредил) и кои сега, со оглед на раширеноста на вирусот и не можат да се лоцираат.

Тоа, само по себе значи и дека тој Протокол не се однесува на пратеничката на СДСМ која со скафандер дојде на гласање како и на пратеникот од ДОМ. Впрочем, не постои правен начин таа и тој да го напуштат местото на изолација (освен доколку имаат потреба да одат на лекарски преглед), иако ако се сеќавате, во случајот со градоначалникот на Куманово, кој лани пролетта влезе во кавга со Оливер Спасовски и Зоран Заев и кој одеше неколку пати на тестирање, директорката на на ДЗСИ, Бухова, реагираше и велеше дека тоа не смеел да го прави зашто бил во изолација.

Во секој случај, „самоизолација“ и „изолација“ не е едно и исто, па оттука Протоколот според кој наводно денеска заразените од вирусот имале право да гласаат, не е валиден за оваа ситуација и не се однесува на оваа ситуација. Исто како што убиство и тепачка во кафеана со малку модрици не се едно и исто.

За жал, тоа требаше да го нотираат и други.

Ова подоле е едно од соопштенијата на ЈО за казнување на лица врз основа на член 206 од КЗ. Како што можете да видите, тоа се однесува на лица на кои им била одредена „задолжителна домашна изолација“, а терминот „самоизолација“ не постои и тој термин секако не се употребува во случајот со позитивни на САРС КОВ 2 како во случајт со пратениците и на кои очигледно и не се однесува споменатиот Протокол.

 

Оваа Уредба јасно укажува дека терминот „самоизолација“ важи до добивање на резултатите од тестот (не ни е познато дали Уредбата е се уште во сила, веројатно е во сила но невозможно е да се применува поради раширеноста поради која дневно се прават меѓу 3000 и 5000 тестови, но таа јасно упатува на правењето разлика меѓу самоизолација за која зборува Протоколот и изолација во која се наоѓаат позитивните како што се пратениците).

Ако резултатот е позитивен, тогаш веќе не се зборува за „самоизолација“. Знали некој имал контакт со позитивен (не е член на семјството кого позитивниот го пријавил) оди да се тестира и од тој момент е во самоизолација. Кога е добие позитивен тест, тогаш добива Решение од ДСЗИ за „здравствен надзор и домашна изолација“ што не е исто со тоа што стои во Протоколот. Тие два термина всушност одразуваат различен степен на изложеност на вирусот, што во случајт со пратениците е потврдено со тест.


Подкаст

Подкаст