Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората тематска сесија „35 години потоа…“, на која учесниците заклучија дека најитно е да се промени изборниот модел преку воведување една изборна единица, а потоа и отворени листи.

Демократската дебата се одвиваше според начелото „Chatham House Rules“ и ги обедини влијателни граѓански активисти, опозициски функционери и ветерани од СДСМ. На учесниците им беше нагласено дека во изминатите 35 години македонската општествено-политичка сцена бележи повеќе нерешени прашања отколку суштински системски реформи. Беа истакнати болните компромиси во меѓународната политика кои предизвикуваат долготрајни внатрешни поделби, како и потребата од правично даночно бесплатно, наместо сегашната непродуктивна распределба на богатството.

Се оцени дека транзицијата и приватизацијата довеле до екстремна социјална нееднаквост, додека демографската ерозија ги отвора прашањата за иселување на младите и идниот кадровски потенцијал.

На дебатата се предложија конкретни мерки за воспоставување прецизна репрезентативност и одговорност на пратениците пред граѓаните, владината транспарентност и нов општествен договор како основа за широка опозициона соработка.