Според соопштението на АХВК, во уште две други фарми, сите семејни стопанства, во тек е дијагностицирањето и тие се изолирани до добивањето на наодите.
Повикувајќи се на Светската здравствена организација, АХВК наведува дека птичјиот грип е мошне смртоносен за дивите птици и живината, и обично не ги заразува луѓето. Сепак, се напоменува во објавата, во 2021 година заразата е откриена кај седум лица во Русија.
– Се работи за работници во живинарска фарма кои учестувале во операција за спречување на избувнување на грипот. Сите останале асимптоматични и немало никаква видна клиничка манифестација кај ниту еден работник во фармата под лекарски надзор, ниту пак кај членовите на семејствата и другите блиски контакти на седумте случаи, информира АХВК.