СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот
На 7 април 2026 година околу 12:40 часот, во близина на гробиштата во Бутел, две лица беа нападнати од група од неколку лица, меѓу кои се и Ј.М. (26) и Б.М. (27), кои се познати по претходни тешки кражби.
Според пријавата во СВР Скопје, нападнатите лица, Е.Д. (51) и М.Д. (54), вработени во АД „Бутел“, биле повредени со употреба на гасен пиштол и ладно оружје, вклучувајќи боксирач и нож.
Постои информации дека двете жртви се здобиле со телесни повреди. Полицијата веќе презема конкретни мерки за расчистување на инцидентот и идентификување на сите учесници.
