Денеска околу 14 часот се случи оружен инцидент, пукање во близина на полициската станица Бит Пазар. Престрелката се случила меѓу двајца мажи на возраст над 25 години. А1он објави видео од местото на настанот.

Според неофицијални полициски информации, тешко ранет е маж. Според првичните информации повредена е и една жена, случаен минувач. Од полицијата велат дека увидот е во тек и дека во текот на денот ќе известат за настанот