Добра вест за Србите на Косово и за Србија. Укината е мерката притвор на Дејан Пантиќ и заменета со домашен притвор. Но одлуката на основниот судово Приштина не му се допадна на косовскиот премиер. Кога ве обвинуваат за тероризам и ве праќаат во домашен притвор, ме интересира кој е обвинителот кој го поднел ова барање и кој судија го одобрил реагираше Албин Курти. Косовската полиција на 10 декември го уапси нивниот поранешен колега под обвинение дека учествувал во нападот на просториите на централната изборна комисија на Северна Митовица. Веднаш по апсењето на Пантиќ, косовските Срби поставија барикади на повеќе локации на сверот а од синоќа група од 50 луѓе со камиони и трактори го блокираа преминот Мердаре од правец Куршумлија кон Подуево во знак на поддршка за Србите од Косово. По ова Косово одлучи да го затвори својот најголемен граничен премин. Србија под влијание на Русија сака да го дестабилзира Косово тврди првиот човек на косовската полиација, а портпролот на Кремљ го отфли обвинувањето.
Србија е суверена земја и апсолутно е погрешно да се бара деструктивното влијание на Русија овде. Србија е суверена земја и нормално дека ги штити правата на Србите кои живеат во близина во такви тешки услови и природно е што силно реагира кога овие права се прекршени. „Со многу блиски сојузнички односи, историски и духовни односи со Србија, Русија многу внимателно следи што се случува, како се почитуваат и обезбедуваат правата на Србите. И секако, го поддржуваме Белград во акциите што се преземаат порача Песков.
Северот на Косово е блокиран веќе 19 ден. За да ги отстранат барикадите, покрај ослобдување на Пантиќ, косовските Срби бараат да бидат ослободени уште двајца нивни сонародници и косовската полиција да се повлече од северот. Приштина и денеска го повика КФОР да регира побрзо и да ги отстрани барикадите.