Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема планови за продолжување на воената мобилизација во земјата.

На прес-конференција во главниот град на Казахстан, Астана, Путин рече дека делумната мобилизација што ја нареди минатиот месец, за која Министерството за одбрана рече дека има за цел да регрутира 300.000 војници, е при крај и ќе биде завршена во рок од две недели.