Радев истакнал дека за Бугарија европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ се неспорен приоритет, додавајќи дека за постигнување на ефикасни резултати за земјите-кандидати за членство во ЕУ, најважен е директен и отворен дијалог.

-Затоа ние сакаме да видиме не само декларации, туку јасни гаранции за нашата национална безбдност и нашите национални интереси, рече Радев.

На средбата присуствуваше и бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, јави дописникот на МИА од Софија. Радев го истакнал значајниот напредок во европската агенда, постигнат за време на португалското претседателство со Советот на ЕУ, и ги нагласи напорите на европските институции за уште потесното присоединување на Западен Балкан кон обединета Европа.

-Бугарија е одговорна членка на ЕУ и ќе продолжи да ги помага кандидатите за членство во Унијата да ги исполнат критериумите од Копенхаген и да ги утврдат принципите на добрососедство и почитувањето на човековите права, кои се во средиштето на европската соработка, рекол Радев за време на разговорите со Силва и Вархеји.