Македонската страна очекува да се формира функционален парламент и политичка влада за да продолжат разговорите за отстранување на ветото за почеток на преговорите со ЕУ, додека бугарскиот претседател Румен Радев вчера порача дека резултатот од изборите нема да го смени односот на Бугарија и дека раководството во Македонија мора само да ја отстрани блокадата.
– Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града, не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, изјави Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали новата влада ќе ја смени политиката кон Скопје