Македонската женска репрезентација ги започна квалификациите за СП.
Најдобрата женска македонска ракометна репрезентација со победа ги започна квалификациите за Светското шампионат што ќе се одржи кон крајот на годинава (декември) ќе се одржи во Шпанија.
Во рамките од втората квалификациска група, чии средби се одигруваат во СЦ Борис Трајковски, нашите ракометарки славеа победа над Исланд со 24-17
Сара Ристовска со 9 и Елена Георгиевска со 6 голови беа најефикансите ракометарки на Македонија.
Утре од 17 часот, македонските ракометарки ќе играат против Литванија, која во овие моменти игра против Грчката селекција која ќе биде последен противник на Македонија во мечот закажан за во недела.
Потсетување дека првопласираните две селекции ќе обезбедат пласман во бараж дуелите што се планирани во втората половина на април месец.