Бенд од Кавадарци ја објави својата најнова препеана песна, „Када ме дотакне“ од Парни Ваљак. Ова е нивна 6-та преработка, а истата е направена во соработка со Слободанка Танева.

Во продолжение, можете да ја слушнете најновата преработка.

“Договорот за соработка со Слободанка Танева се случи многу спонтано. Се одлучивме за оваа песна, затоа што ни е од поомилените. Сметавме дека можеме да ги изнесеме емоциите и да се вклопиме, за да излезе добро за секое уво. За снимање на видеото, соработуваме со Photography i videography -BAJKA Kosta Pelivanov. Беше убаво искуство додека снимаме со сите позитиви околу нас. Снимавме кај Столе Аврамов во неговото студио, а видеото е снимено во royal queen maria – Демир Капија, велат од бендот.

Танева оваа година имаше дебитантски настап на „Макфест“, а бендот 4UBAND постои веќе три години. Имаат една авторска песна и со најновата, 6 препеани песни. Членови на групата се Борис Грков гитара ,Борис Илов гитара и вокал, Оливер Миленковски тапани. Придружба на бас гитара Орце Павлов.