Изминативе денови се појавија гласини дека Јоаким Лев ќе ги врати Томас Милер, Жером Боатенг и Матс Хумелс во репрезентацијата но нивните имиња не се најдоа на спискот кој денеска беше објавен за дуелите против Исланд, Романија и Македонија на стартот од квалификациите за Светското првенство.

Составот на „панцерите“ брои 26 фудбалери, се работи за проверени сили и двајца дебитантни, тинејџерите Џамал Мусиала од Баерн Минхен и Флоријан Вирд од Баер Леверкузен.