Шефот на Обединетите Нации, Антонио Гутереш ги повика двете завојувани страни да го почитуваат духот на светиот муслимански месец и да ги стишат пушките.

„Мојот најсилен апел е да се почитува духот на Рамазан со стишување на пушките и отстранување на сите пречки за да се обезбеди испорака на хуманитарна помош. Во исто време, и повикувам и на итно ослободување на сите заложници“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Додека невидениот глад на северот царува, првиот брод со 200 тони храна и друга хуманитарна помош исплови од Кипар. Во истовреме, Израел длабоко напаѓа во Либан. Погодени се два објекта на Хезболах како одговор на нападите врз Голанската висорамнина.

Продолжува војната и во Црвено Море. САД уништија подводен брод без екипаж и 18 противбродски проектили во областите во Јемен контролирани од Хутите.