Спас за својот опстанок и задржување на албанскиот коалиционен партнер во Владата.

Политикологот Иво Ранѓеловиќ, вели дека покрај откочување на спорот и евентуално отворање на преговори, од прифаќањето на францускиот предлог зависат и односите на коалиционите партнери.
Смета дека мудро треба да се реши овој спор кој е доведен до апсурд, а не веднаш да се бараат алтернативи.

Лидер: Бугарските барања станаа европски, Петков задоволен од “мисијата“ си оди од премиерската функција. Кога вистината од преговорите ќе стана достапна за Македонија? Зошто власта во Македонија инсистира на предлог кој во суштина нуди само отварање на преговорите но не и членство во Унијата?

-Францускиот предлог не е производ на преговорите помеѓу Скопје и Софиjа. Предлогот е сервирано компромисно решение за ситуацијата во која се доведе спорот – поточно апсурд. Власта во прифаќањето на предлогот, покрај откочување на спорот и евентуално отворање на преговори,гледа и спас за својот опстанок. Освен притисокот однадвор, постои и внатрешен притисок, а тоа е потенцијалното излегување на коалициониот партнер од албанскиот блок од постоечката власт. Така што, шансите дека предлогот ќе биде одбиен се ништо повеќе од теорија.

Лидер: Има ли Македонија друга алтернатива освен ЕУ?

-Во меѓународните односи, одамна не е ништо црно или било. Барем од почетокот на 21-виот век. Ако не сме согласни со Францускиот предлог тоа не значи дека треба да бараме алтернатива. Зошто не бараме алтернатива на предлогот, наместо на ЕУ? Геострстешкиот момент е таков да повеќе и одговара на самата ЕУ да ја интегрира Македонија (при тоа да ја одалечи од Москва) отколку на самите нас. Треба мудро да се реши овој спор, а не веднаш или барем не експлицитно да бараме алтернативи, вели полтикологот Ранѓеловиќ за Лидер.