Фановите се простуваат од Исмани – се верил пред само неколку дена
Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник кој уште доцна синоќа им подлегнал на повредите. Тој беше пејач со многу популарни видеа, поставени на платформата јутуб. На Инстаграм исто така беше многу популарен и има над 300.000 луѓе кои го следат. Утрово фановите се простуваат од него. Дополнително, тие жалат дека тој се верил пред само неколку дена.
Нашата редакција и утрово истражуваше што се случило на „Пластичарска“.
ПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ПЛАСТИЧАРСКА: Познатиот пејач го загуби животот во престрелката
Исмани подлегнал на повредите
Братот на Амар ја потврди информацијата на социјалните мрежи. Инцидентот, почнал со расправија, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Тројца млади момци биле пренесени во болница каде што Исмани им подлегнал на повредите.
ОЈО го расчистува случајот
Од Основното јавно обвинителство велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите од самото место а се преземаат и други дејствија“, информираат од ОЈО.
Мотивите за убиството под знак прашалник
Пукањето на „Пластичарска“ било пријавено уште доцна синоќа околу 23.40 часот.
Мотивите за убиството, како што велат од МВР, сè уште не се познати и се работи на расчистување на случајот.
Погребот се одржува денеска на градските гробишта во Бутел.