Инвестициите го движат растот на економијата

Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2025 година забележа раст од 3,8 % споредбено со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е регистриран во секторите Градежништво, со раст од 21,0 %, и Информации и комуникации, со 7,4 %.

Во овој период, бруто инвестициите во основни средства се главен двигател на растот на БДП. Учеството на бруто инвестициите се зголеми од 26,1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31,1 % годинава.

Финалната потрошувачка во третото тримесечје номинално порасна за 7,7 %, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 80,2 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на БДП за тримесечјето е 3,6 % во однос на истиот период лани.