Институтот Роберт Кох (РКИ) денеска објави 985 нови инфекции. Тој број бил 808 пред една недела.

48 лица починале во изминатите 24 часа, наспроти 56 пред една недела, објави РКИ.

Министерот за здравство Јенс Шпан ги повика луѓето да ги прифаќаат повиците за вакцинација. Во интервју за јавната телевизија АРД, Шпан предупреди дека бројот на инфекции ќе се зголеми наесен.

“Ќе го видиме ова на есен и зима, она што го гледаме во Велика Британија и во други земји. Онаму каде што не се вакцинираат доволно луѓе, ќе има многу инфекции кај оние групи на население кои не се вакцинирани доволно”, рече тој.

Според него, младите и децата кои ќе решат да се вакцинираат, својата прва доза би можеле да ја добијат до крајот на август. „Вакцините се тука“, рече министерот за здравство, додавајќи дека вакцинациите се доброволни.

Борбата против вирусот е тимска работа, посочи Шпан. „Ако ние, како Германија и како Европа, сакаме да ја надминеме пандемијата, потребна ни е висока стапка на вакцинација.

Некои во владата бараат укинување на сите ограничувања, но Шпан тврди дека маските најверојатно ќе треба да се носат оваа есен и зима во одредени околности.

Германија е загрижена за ширењето на делта варијантата на ковид-19, која се смета за позаразна.