Имено, „Хаити Либре“ пишува дека портпаролот на Амбасадата на Доминиканската Република на Хаити, Хозе Луис Сото, потврдил дека првата дама е сè уште жива, но во критична состојба.

Тој исто така истакна дека поради нејзината состојба се разгледува нејзиното префрлување во САД или Доминиканската Република на лекување.

Од Амбасадата наведуваат дека, иако е во критична состојба, Мартин Моиз има стабилни витални знаци.