Бројот на загинати од шумските пожари во Мауи на Хаваите се искачи на 111, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати.

Началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер, денеска изјави дека се очекува бројот на жртвите да расте, а поголемиот дел од опожарената област допрва треба да се пребарува.

„Никој досега не видел вакво нешто, ниту оваа големина, ниту оваа бројка, ниту овој опсег. И сè уште не сме готови“, изјави Пелеје за Си-Ен-Ен.

Се очекува екипите со денови да ги пребаруваат јагленосаните остатоци на повеќе од 2.000 опожарени домови и други објекти.

Претседателот на САД Џо Бајден денес вети дека американската федерална влада ќе остане посветена на луѓето во Мауи додека се опоравуваат. Во светот, пожари има и на Тенерифе во Шпанија.