Деветнаесетгодишник пријавил во полиција дека бил нападнат и ограбен во градски автобус во Скопје, соопшти МВР. Нападот се случил околу 17:10 часот на подрачјето на Центар.
Според пријавата, две машки и едно женско лице, најверојатно малолетници, со употреба на сила се обиделе да му ја одземат чантата на младиот скопјанец додека се превезувал во автобус. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
