Маските имаат вградени сензори за еднократна употреба, кои можат да бидат вградени во други маски за лице, и можат да бидат прилагодени за откривање на други вируси.
Сензорите се наоѓаат во внатрешноста на маската и можат да детектираат вирусни честички во здивот и се дизајнирани така што корисникот може да ги активира кога е подготвен да го изврши тестот. Поради приватност, резултатите се прикажуваат само на внатрешната страна на маската.
Развојот на сензори како што се користи во новата маска започна пред неколку години. Претходно беа користени за откривање на инфекции за вирусот ебола и зика.
– Овој тест е исто толку чувствителен како и златно-стандардниот, високо чувствителен PCR-тест, но исто така е брз како антигените тестовите што се користат за брза анализа на Ковид-19, рече истражувачот на Универзитетот Харвард, Питер Нгуен.
Истражувачите аплицирале за патент за новата технологија и се надеваат дека ќе соработуваат со компании за понатамошен развој на сензорите.