Како што пренесува „Ас“ станува збор за напаѓачот Лука Јовиќ, дефанзивците Марсело и Хесус Ваљехо, играчите од средниот ред Герет Бејл, Иско и можеби Еден Азар, во кој Реал Мадрид и покрај повредите сè уште верува.

Според изворот, доколку сите овие играчи си заминат, тогаш Реал ќе заштеди 54 милиони евра нето плати за годината, а тоа ќе им овозможи да потпише со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и да го обнови договорот со Винисиус.

Азар и Бејл добиваат по 15 милиони евра по сезона, Иско и Марсело – по 8 милиони, Јовиќ – 5 милиони, Ваљехо – 3 милиони (само голманот Андреј Лунин заработува помалку од него во Реал Мадрид).

Во исто време, Иско, Марсело и Бејл на крајот од сезоната можат да станат слободни агенти.