Тој преку социјалните мрежи соопшти дека утре ќе го извести собранискиот спикер, Талат Џафери за оваа одлука.

Слободен печат“ пишува дека е можно нов потпретседател на Собранието да биде токму Реџепи, откако Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство.

Изборот за потпретседател на Собранието од Алтернатива ќе биде меѓу Реџепи и пратениот Хусни Исманили.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Северна Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците, се вели во објавата на Реџепи.