Реформската агенда претставува важен сегмент на македонскиот пат кон Европската Унија, со цел обезбедување конкретни реформи во институционалното функционирање. Овие активности треба да овозможат подобри деловни услови за бизнис-заедницата и да го поттикнат долгорочниот економски развој.

„Реформската агенда е важен дел од нашиот европски пат, но пред сè претставува можност за конкретни промени што ќе значат поефикасни институции, подобри услови за бизнисот и посилна економија. Наш приоритет е реформите да дадат конкретни и мерливи резултати“, порача Дурмиши.

Во рамки на надлежностите на ресорното министерство беше одржан работен координативен состанок со сите раководители на сектори вклучени во имплементацијата на акцискиот план.

„Денеска одржав работен координативен состанок со сите претставници на секторите вклучени во спроведувањето на Реформската агенда 2024 – 2027, во рамки на надлежностите на Министерството за економија и труд. Разговаравме за досегашниот напредок, предизвиците во реализацијата на реформските активности и следните чекори за навремено исполнување на преземените обврски“, посочи Дурмиши.

Главниот фокус на состанокот беше ставен врз поедноставувањето на административните процедури, подобрувањето на севкупното деловно окружување и зајакнувањето на меѓуинституционалната координација.

„Од сите вклучени побарав максимална посветеност, редовна комуникација и почитување на утврдените рокови“, нагласи Дурмиши.