– Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 50-годишниот В.С. од село Радање, Општина Карбинци, бидејќи во 19:30 часoт во село Карбинци физички ја нападнал неговата поранешна 37-годишна сопруга. По комплетирање на случајот против В.С ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во крими извештајот на СВР-Штип.

Во Кочани полициските службеници од ОВР Кочани од слобода го лишиле 28-годишниот Д.А. од Кочани, затоа што во семејниот дом во Кочани физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка. Надлежните од СВР-Штип велат дека по комплетирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.