Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице од Јужноафриканската Република.
Првите случаи на заразени со сојот омикрон коронавирус се регистрирани и во Црна Гора. Заразено е семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

-Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми – се вели во соопштението од институтот.
Едно лице заразено со нов вид на коронавирус пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември.