Популарноста на британскиот премиер Риши Сунак е падната на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат, во октомври 2022 година.

Анкетата, спроведена вчера и завчера, покажува дека 70 отсто од испитаниците имаат негативно мислење за неговата работа, наспроти само 21 отсто кои имаат поволен став за премиерот.

Анкетата на ЈуГов покажа дека ова е најниско ниво на популарност на Сунак, со нето оценка од -49, што е споредливо со резултатите на поранешниот премиер Борис Џонсон во последните месеци од неговиот мандат кога оценката му беше -53.

Популарноста на лидерот на лабуристите Кеир Штајмер, исто така, е опадна за девет поени во последните две недели, со моментална оценка од -22, а позитивно мислење за него имаат 32 отсто од Британците, додека спротивен став имаат 54 отсто од граѓаните, пренесува ЈуГов.