Во нецели две години откако Александар Николоски ја презеде фунцијата министер за транспорт и врски, веќе зад себе има бројки и проценти кои значат рекордна реализација на капиталните инвестиции.
Во НАТКАСТ на КУРИР вели дека затоа и се нафатил на оваа позиција.
-Оваа година веќе сме на 74% реализација. Внимавајте, тоа е за цеа година, а ние за 4 месеци имаме реализација на 74%, што значи дека ни остануваат 26% за 8 месеци. Ќе имаме ребаланс на буџет во следниве месец-месец и половина. Секако јас ќе замолам доколку може да добиеме дополнителни средства, како би реализирале и нови проекти, надвор од оние кои беа предвидени, рече Николоски.
Целото гостување гледајте го во видеото во продолжение:
