ВМРО-ДПМНЕ: Имаме рекордна цена на грозје – Владата го донесе новиот модел за откуп

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека годинава земјоделците ќе добијат рекордна цена на грозје, откако Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веднаш по доаѓањето на власт ја усвоија методологијата за пресметка на производствената цена.

  • „Методологијата не беше донесена од страна на СДС. Владата и ресорното министерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и преземањето на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година, на кој конкурираше Земјоделскиот институт и ја пресмета производствената цена,“ соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека СДСМ ја потценува работата за земјоделците, иако резултатите покажуваат реални придобивки.

„На СДС им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп. Кога СДС беше на власт, немаше субвенции за земјоделците, продуктите завршуваа на буниште, а земјоделците се откажуваа од работата и нивите зјаеја празни,“ велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, годинава е постигната рекордна цена за најзастапените сорти –
21,3 денари по килограм за „Вранец“ и 18,9 денари за „Смедеревка“.  Ова се должи, како што велат, на подобрувањата во водостопанството и методолошкиот пристап кон откупот.

Производството ќе надмине 100 милиони килограми – земјоделците се приоритет

Очекувањата се дека годинава производството ќе надмине 100 милиони килограми, а политиките ќе продолжат да бидат насочени кон одржливост и стабилност во земјоделскиот сектор.

„Оваа година очекуваме зголемено производство, над 100 милиони килограми. Земјоделците се приоритет и тоа го докажуваме,“ порачуваат од владејачката партија.

Извор: Курир