Европската унија размислува да го именува својот „режим на санкции“ за кршење на човековите права по рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор. Ова го соопшти шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ утрово во Брисел.

Министрите ќе разговараат со вдовицата на Навални, Јулија, која беше на Минхенската безбедносна конференција кога руските власти ја објавија веста за смртта на нејзиниот сопруг.

Откриено каде е телото на Навални: Се отвораат сомнежи дека починал многу порано пред да биде објавено

Режимот на санкции за човекови права е одговорот на Европа на американските санкции Магнитски, именувани по рускиот адвокат Сергеј Магнитски, кој почина во притвор по тортура. Тие се изречени за сериозни прекршувања на човековите права од 2020 година.

Европските лидери пак, по смртта на Алексеј Навални станаа пожестоки во своите критики кон рускиот претседател Владимир Путин. По војната во Украина и прекршување на многуте човекови права, Путин ја ограничува и слободата на говорот во Русија. Навални е жртва на слободата на говор и тоа што му се спротивставуваше на Путин резултираше со негова смрт која се уште има многу нејаснотии.