Елена Рибакина ќе го преземе првото место на ВТА ранг-листата од Арина Сабаленка, која повеќе од 100 недели беше на врвот на светскиот женски тенис. Двократната гренслем-шампионка ја обезбеди водечката позиција со пласманот во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во 2026 година.

Со искачувањето на врвот на ВТА-листата, Рибакина ќе стане првата тенисерка од Казахстан што успеала да стигне до првата позиција во светот.

Рибакина ја освои својата прва гренслем-титула на Вимблдон во 2022 година, а годинава триумфираше и на Австралија опен. На УС опен сега обезбеди пласман меѓу четирите најдобри тенисерки.

– Ова се различни достигнувања. Мислам дека сте повеќе фокусирани на освојување титули, а вашиот пласман може, а може и не мора да се подобри – зависи од тоа како играат другите. Најмногу размислувате за титулите. Мило ми е што досега имам две на Грен слем. Се трудам најдобро што можам да победам тука. Ако не успеам, секако, ќе имам други можности – рече Рибакина на прес-конференција.